Што е IPPC (ИСКЗ)?

 

IPPC (ИСКЗ) или „Интегрирано спречување и контрола на загадувањето“ е систем на дозволи за заштита на животната средина од загадувањата кои можат да предизвикаат одредени индустриски дејности. Главна цел на ИСКЗ е да обезбеди високо ниво на заштита на животната средина во целина, делувајќи превентивно, а онаму каде тоа не е можно да ги редуцира емисиите во воздух, вода и почва како и на останатите штетни  влијанија врз животната средина и здравјето на човекот. Сето тоа подразбира ефикасно користење на енергијата, спроведување мерки за спречување на несреќи и минимизирање на последиците од истите како и превземање неопходни мерки при затварање на инсталацијата за да се остранат последиците од загадувањето на животната средина.
ИСКЗ се базира на примена на Најдобрите достапни техники:
Најдобри – најефикасни во достигнувањето на општо високо ниво на заштита на животната средина во целина.
Достапни – можат да се применуваат под прифатливи економски и технолошки услови, земајќи во предвид недостатоците и предностите т.е. трошоците и користа за животната средина.
Техники – ја вклучува не само технологијата која се употребува туку и начинот на кој инсталацијата се проектира, гради, одржува, управува и престанува со работа.